22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Роботите што ги произведуваат турските компании, кои можат да се користат за стерилизација, пребарување и спасување, транспорт на товар, се претставени на Саемот за технологија во турската медитеранска област Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вниманието на домашните и странските гости кои ја посетија конференцијата „HIMSS Eurasia Health Informatics, Technologies“ и саемот го привлекоа роботите дизајнирани во фабриката за роботи „Акин роботикс“, која е основана од турската компанија „Акинсофт“.

На саемот, заедно со хуманоидните роботи и производите со вештачка интелигенција, вниманието го привлекоа и роботите кои можат да се користат во пребарување, спасување, како и транспорт на товар.
Во текот на посетата на Саемот, во хуманоидните роботи најмногу уживаа децата.