Fuat Kabakcı
22 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од Министерството, во телефонскиот разговор станало збор за билатералните односи и граничните премини меѓу Турција и Бугарија.
Чавушоглу, исто така, му се заблагодари на Стоев за поддршката во решавањето на актуелните проблеми.