Mehmet Ali Derdiyok
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екши соопшти дека во 18 часот по локално време се прекинати сите летови на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, поради лошите временски услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Екши на социјалната мрежа Твитер објави дека летовите се прекинати поради снежната бура во Истанбул и слабата видливост.
Доколку дојде до подобрување на условите, како што рече Екси, летовите ќе се одвиваат во согласност со капацитетот на аеродромот.
„Туркиш Ерлајнс“ денеска откажа 277 летови, но поради снегот во областа на Истанбул е забранет и сообраќајот за камиони.
Со привремената одлука на градските власти е скратено работното време, а во некои делови од градот на Босфорот имаше снежна покривка со дебелина од 122 сантиметри.
Од вчера, во прекин се бродските линии на Босфорот.