Турција

Во Истанбул започна најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија ТЕКНОФЕСТ

- На шестдневниот настан што се одржува на Аеродромот „Ататурк“ ќе бидат организирани голем број активности, како аеромитинг со воени авиони, беспилотни летала и хеликоптери, семинари, самити, натпревари и разни саеми.

Seda Sevencan, Gökhan Ergöçün  | 21.09.2021 - Обновена : 23.09.2021
Во Истанбул започна најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија ТЕКНОФЕСТ

ИСТАНБУЛ 

Најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија ТЕКНОФЕСТ започна денес во турската метропола Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).

На шестдневниот настан што се одржува на Аеродромот „Ататурк“ ќе бидат организирани голем број активности, како аеромитинг со воени авиони, беспилотни летала и хеликоптери, семинари, самити, натпревари и разни саеми.

Во рамките на ТЕКНОФЕСТ 2021 година ќе се одржат и технолошки натпревари во десетици различни категории, како паметен транспорт, дизајн на хеликоптер, биотехнологија, роботика, летечки автомобили, ракети и подводни системи без посада.

Селџук Бајрактар, челникот на Турската фондација за технологија, еден од организаторите на настанот, изјави дека новите идеи и иновации што го водат светот обично доаѓаат од стартап компании и млади луѓе.

„Значи, ние треба да ги поддржиме нашите стартап компании и младите уште посилно“, рече Бајрактар.

Тој нагласи дека Турција, за да не биде зависна од диви капиталистички технолошки монополи, мора да претрпи сопствена трансформација.

Тој ги повика младите луѓе да не се обесхрабруваат од какви било бариери што ќе им се најдат, советувајќи ги да бидат иновативни и оригинални во сè што прават.

Организатори на ТЕКНОФЕСТ се Турската фондација за технологија и Министерството за индустрија и технологија на Турција. ТЕКНОФЕСТ се одржува во различни турски градови во парните, а во Истанбул во непарните години.

Минатата година, настанот беше организиран во виртуелен формат во јужната област Газиантеп поради мерките за пандемијата на коронавирусот.

Во 2019 година, ТЕКНОФЕСТ го посетија околу 1,72 милиони луѓе во Истанбул. Агенција Анадолија е глобален комуникациски партнер на настанот од 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.