Mehmet Yılmaz Güldaş
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
АНКАРА
Министерство за здравство на Турција информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 оздравеа 1.488 лица со што вкупната бројка на излекувани лица од новиот тип на коронавирусот во земјата изнесува 14.918, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во исто време турското министерство за здравство објави дека последните 24 часа позитивни на Ковид-19 4.611 лица, а починале 119 лица.Со последните ажурирани податоци, вкупниот број на лица позитивни на тестот на Ковид-19 изнесува 95.591, додека од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починале 2.259 лица.
„До сега вкупно 14.918 пациенти се пуштени од болница откако се излекувани од вирусот, а само денес од болница се пуштени 1.488 лица“, се додава од Министерството.
Во текот на изминатите 24 часа се направени 39.429 тестирања, при што вкупниот број на извршени тестови изнесува 713.409.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2.5 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 171.800. Бројот на излекувани лица од вирусот изнесува речиси 660.000.