Barış Seçkin
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
РИМ
Последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Италија починаа 534 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земјаа изнесува 24.648, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според последните податоци објавени од Одделот за цивилна заштита, моменталниот број на заразени лица опадна втор ден по ред, и дека вкупната бројка на активни случаи на заразување изнесува 107.709.
Бројот на излекувани лица се искачи на 51.600, додека бројот на пациенти на интензивна нега продолжува да опаѓа, намалувајќи го притисокот врз здравствениот систем на Италија.
Епицентарот на епидемијата во Италија останува северниот регион Ломбардија, каде досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 12.579 лица, што е повеќе од половина од вкупниот број ма смртни случаи во Италија.
Владата сѐ уште има потешкотии со планот за закрепнување, бидејќи секој регион напредува во различна насока.
За време на обраќањето на парламентот денес, италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Владата има намера постепено да ги укинува рестриктивните мерки, почитувајќи ги мерките за социјално дистанцирање за да се задржи заразувањето под контрола.
Кривата на заболени и починати од Ковид-19 во Италија се израмнува од почетокот на епидемијата во март. Сепак, експертите постојано предупредуваат дека продолжувањето на сите активности без исполнување на високите санитарни стандарди и правилата за социјално дистанцирање, ќе го зголеми ризикот од повторно ширење на вирусот.
На социјалната мрежа Фејсбук Конте утринава напиша дека Владата постојано работи на координирање на втората фаза на вонредната состојба.
Премиерот изјави дека отворањето на сите активности веднаш ќе биде неодговорна одлука и ќе постои ризик за загрозување на сите напори што италијанските граѓани ги вложија досега.