Hasan Esen
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија, во последните 24 часа од последиците на заразување со новиот тип на Ковид-19 починаа 823 лица, со што вкупниот број на починати достигна 17.337, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека е потврдено заразување кај уште 4.301 лица и дека вкупниот број на заразени во моментот изнесува 129.044.
Се наведува дека во изминатите 24 часа се тестирани 11.626 лица, со што вкупниот број на тестирани во таа земја се зголемил на 397.670, односно со повторно тестирани на 535.342.
Во Велика Британија најголем број на починати е забележан на 10 април, кога починаа 980 лица во еден ден.
Велика Британија на 23 март воведе низа ограничуваа кои се однесуваат на движење на жителите, но и затворање на сите објекти кои пружаат комерцијални услуги освен маркетите и аптеките.
Претходно вирусот беше потврден кај британскиот престолонаследник принцот од Велс, Чарлс, премиерот Борис Џонсон и министерот за здравство Мет Хенкок.
Премиерот Џонсон десет дена откако се појавија неговите симптоми, беше хоспитализиран. Тој помина неколку дена на одделот за интензивна нега каде примал терапија со кислород, но не бил приклучен на респиратор. Од болницата беше отпуштен на 12 април.
Принцот Чарлс и министерот Хенкок се излекувани без потреба од болничка нега.