Турција

Турските бродови за сондажа продолжуваат со своите активности во Источниот Медитеран

Министерството за национална одбрана на Турција, преку својот твитер-профил сподели инсерти од бродовите на Турските поморски сили, кои ги придружуваат бродовите за сондажа во Источниот Медитеран

Enes Kaplan  | 23.07.2019 - Обновена : 24.07.2019
Турските бродови за сондажа продолжуваат со своите активности во Источниот Медитеран

АНКАРА (АА) – Турските бродови за сондажа во придружба на Турските поморски сили продолжуваат со своите активности во Источниот Медитеран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за национална одбрана на Турција, преку својот твитер-профил сподели инсерти од бродовите на Турските поморски сили, кои ги придружуваат бродовите за сондажа во Источниот Медитеран.

„Турските поморски сили, нашите бродови за сондажа во Источниот Медитеран постојано ги придружуваат од воздух со беспилотните летала „BAYRAKTAR TB-2“, морнарски патролни авиони и поморски хеликоптери, над вода со фрегати, корвети и јуришни бродови, а под вода со подморници“, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, споделено преку социјалната мрежа Твитер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.