Muhammed Nuri Erdoğan,Cankut Taşdan
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
АНКАРА (АА) - Во акција на припадниците на безбедносните сили против структурите на терористичката организација ФЕТО, спроведена во Анкара, Турција, од слобода е лишен поранешниот шеф на полицијата Месут Е., јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот на АА дознава дека тимовите на Одделот за борба против организиран криминал при полицијата во Анкара започнале акција против пребегнатите поранешни шефови на полицијата за кои се верува дека се високопозиционирани припадници на ФЕТО.
Претресите се извршени во неколку станови на иста зграда во населбата Кечиорен, а со цел лишување од слобода на суспендираните шефови на полицијата, Мустафа О. и Месут Е., кои во пресрет на почетокот на акцијата биле во бегство.
Во акцијата е приведен пребегнатиот поранешен шеф на полицијата Месут Е., а се трага по Мустафа О.
Полициските тимови при претресот на станот на Мустафа О. открија лабораторија за производство на дрога. Запленета е и поголема количина на индиски коноп. Во акцијата е приведен синот на Мустафа О., кој бил во станот.
Пребегнатите поранешни шефови на полицијата го користеле системот за тајно комуницирање „БајЛок“, шифриран систем за комуникација, преку апликацијата што ја користат припадниците на терористичката организација ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.