İsmail Çimen
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Седумнаесет терористи подготвени за напад, членови на сепаратистичката терористичка организација, ПКК, беа неутрализирани при престрелката која се случила во упориштето на ПКК, во месноста Шемдинли во Хакари, јавува Anadolu Agency (AA).
Веста беше објавена, како информација од “важни настани од земјата“, на официјалната интернет страница на Генералштабот.
Според наведеното, до престрелката, дошло откако во базата на ПКК, биле разоткриени припадниците на сепаратистичко-терористичката организација, за време на подготовка за напад, од кои седумнаесетмина биле неутрализирани.
Во пребарувањето на областа по престрелката биле пронајдени четири калашников пушки, 14 полни калашников шаржери, 13 рачни бомби, две РПГ-7 муниции, 23 куршуми од драгунов снајперска пушка, како и останати рани видови на материјали.
Во месноста Башкале во Ван, дошло до огнен судир меѓу припадниците на ПКК и безбедносните сили, на местото каде бил разоткриен и деактивиран рачен експлозив, кој претходно бил поставен во округот на автопатот, од страна на членови на терористичката организација.
Во престрелката загинаа 2 терористи, од кои една жена.
Во претрагата на местото по настанот, биле пронајдени 2 калашников пушки со 214 соодветни кертиџи (фишеци), 10 шаржери, една камера, еден рачен двоглед и еден двоглед за ноќно гледање.
Во Ширнак пак, еден од припадниците на терористичката организација, кој бил во бегство им се предал на безбедносните сили.