Halil İbrahim Sincar
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
МАРДИН (АА) - Во напад кој припадниците на терористичката организација ПКК во попладневните часови го извршија на командата на жандармеријата во Мардин, Турција, загинаа двајца војници и еден цивил, а седум лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
По нападот на местото на експлозијата се пратени неколку возила на итна помош, како и екипи од Канцеларијата за катастрофи и вонредни околности на Република Турција (АФАД)
Во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Мардин се наведува дека нападот во 12:45 (по локално време) со автомобил бомба го извршиле припадници на сепаратистичката организација ПКК.
Во нападот загинале двајца војници и жена, а седум лица се ранети од кои три тешко.
„Започната е акција на приведување на припадниците на терористичката организација кои го извршиле нападот на припадниците на безбедносните сили. Решително се продолжени активностите во борбата против припадниците на сепаратистичката организација со цел заштита на нашите граѓани”, се наведува во соопштението.