Diyar Güldoğan
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија соопшти дека најмалку осум терористи на ДАЕШ се неутрализирани во воздушната операција на коалицијата предводена од САД, доцна синоќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб денес соопшти дека десет цели на ДАЕШ се погодени во подрачјето на Дабик, вклучувајќи и зграда која ја користела терористичката организација, која беше уништена во текот на операцијата.
Во соопштението се додава дека ДАЕШ се подготвувал да изведе напад на територијата на Турција од позиции во северна Турција.
Турските воени авиони вчера изведоа воздушни напади и против цели на терористичката ПКК во југоисточната покраина Хакари во регионите Миргесав и Даглиџа, уништувајќи седум цели.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против турската држава во јули 2015 година.
Оттогаш, скоро 600 припадници на безбедносните сили ги изгубија своите животи а над 5.000 терористи на ПКК беа убиени во операции низ Турција и северен Ирак.