Турција

Турција го собори Гинисовиот рекорд за најмногу засадени садници за еден час

„Здив за иднината го собори првиот светски рекорд. Тоа е акција за пример кога станува збор за љубовта кон дрвјата и шумите. Го започнавме ова патување знаејќи дека овој вид проект ќе привлече големо внимание...“

Ekipa  | 12.11.2019 - Обновена : 13.11.2019
Турција го собори Гинисовиот рекорд за најмногу засадени садници за еден час

АНКАРА (АА) - Турција го собори Гинисовиот рекорд за најмногу засадени садници во еден час, кој претходно ѝ припаѓаше на Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).

Низ Турција вчера беше организирана акција за пошумување, чија цел беше на 2.023 локации да се засадат 11 милиони садници.

Една од локациите е и Чорум, каде што за еден час се засадени 303.150 садници и со тоа е соборен Гинисовиот рекорд, што го потврдија и официјалните претставници на Гинис, како и турскиот министер за шумарство и земјоделство, Бекир Пакдемирли.

„Вчера сведочевме на обидот за соборување на Гинисовиот рекорд во Чорум. Со 303.150 садници го соборивме рекордот за најмногу засадени садници за еден час. Рекордот порано ѝ припаѓаше на Индонезија со 232.647 садници“, потсети Пакдемирли.

Тој на состанокот на Дирекцијата за шуми од официјалните претставници на Гинисовата книга на рекорди го презеде сертификатот.

Турскиот министер зборуваше за резултатите од акцијата за пошумување, чии подготовки траеја неколку месеци.

„Здив за иднината го собори првиот светски рекорд. Тоа е акција за пример кога станува збор за љубовта кон дрвјата и шумите. Го започнавме ова патување знаејќи дека овој вид проект ќе привлече големо внимание, но не очекувавме толку многу внимание и дека оваа работа ќе стане нешто што ќе влијае на целата земја, не само на нас“, рече Пакдемирли.

Според него, во акцијата спроведена вчера, 11 ноември, кој во Турција е прогласен за Национален ден на пошумување, учествуваа милион луѓе.

Министерот, исто така, рече дека претходно се зборувало за можноста за рушење на два светски рекорда, но сега веруваат дека може да има повеќе кандидати за серија рекорди.

Претходно се зборуваше и за рекордот за создавање на најголемата база на фотографии, која граѓаните ќе ја направат за време на пошумувањето.

Тој потсети дека и понатаму трае вчитувањето на фотографиите направени за време на акцијата. Пакдемирли се надева дека и тој рекорд ќе биде соборен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.