Cankut Taşdan,Sertaç Bulur
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Во Турција, во рамките на антитерористичката акција против сепаратистичката организација ПКК, меѓу 21 и 28 ноември беа неутрализирани 49 терористи, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во акциите на копно беа неутрализирани 25 терористи, од кои 14 биле убиени, а во различни акции се неутрализирани уште 24 терористи.
Специјалниот тим на жандармеријата и командосите извршија околу 294 акции и уништија 40 експлозивни направи. Покрај тоа, беа уништени и 127 засолништа на терористите.
Припадниците на безбедносните сили со навремена интервенција спречија терористички напад со автомобил-бомба, а запленето е големо количество оружје од различен калибар и експлозивен материјал.
Во текот на акцијата се фатени 296 лица за кои се тврди дека им помогнале на членовите на терористичката организација.
Во акција за сузбивање на финансирањето на тероризмот, запленети се и 105 килограми хероин, три тони и 958 килограми марихуана, шест грама кокаин и други наркотици.
Исто така, во контекст на борбата против илегалната миграција, фатени се 3.192 мигранти, од кои 409 беа фатени од страна на турските екипи на крајбрежна стража. Од 67 уапсени за организирање на нелегалното преминување на границата, деветмина се задржани во притвор.
Во акциите против другите терористички организации се уапсени 48 членови на ДЕАШ, од кои 38 се во притвор.