Sayed Khodaberdi Sadat
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
МЕЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Во операцијата извршена во северната покраина на Авганистан, Кундуз, беше неутрализиран 21 талибански милитант, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на полициската станица во Кундуз, генералот Мухаммед Касим Џенгелбаг, во изјава за новинарот на АА рече дека во операцијата на безбедносните сили врз покраината Кундуз убиен е 21 талибански милитант.
Кажувајќи дека во операцијата фатени се голем број на милитанти, Џенгелбаг додаде дека е запленета голема количина оружје и муниција.
Џенгелбаг објасни дека операциите сè уште продолжуваат.
Исто така, пред три дена во Кундуз беа убиени 10 талибански милитанти.