Halit Süleyman
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
АЛЕПО (AA) – Во нападот на сирискиот режим на населбите во Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозицијата, седум лица загинаа а 30 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дознава АА од функционерите на цивилната заштита, во Алепо, авионите на сириската војска изведоа воздушни напади на населбите Баб Неираб и Бустан ел Каср.
Екипите на цивилната заштиа се обидуваат да ги извлечат ранетите од урнатините.
На работните и станбените објекти во Бустан ел-Касру причинета е материјална штета, а многу од нив се во потполност уништени.
Руските сили и режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад веќе десет дена како го бомбардираат регионот кој се наоѓа под контрола на опозицијата. Мета на нападите често се медицинските центри, верските објекти и трговските центри.
Сириската војска го крши примирјето од прогласување од 27 февруари кога во сила стапи прекинот на огнот врз ознова на резулицијата 2254 на Советот на безбедност на Обединетите нации.
Првиот месец од примирјето сириските сили изведуваа жестоки напади на подрачјата под контрола на опозицијата на планината Туркмен кај Латакија, на западот на Алепо, југот на Идлиб, во Источна Гута во Дамаск, центарот на Дареа и на зпадните периферии на Хомс.
Во вчерашниот воздушен напад со барел-бомби на сириската војска на медицинскиот центар во населбата Бустан ел-Каср загинаа пет а ранети се 25 лица.