Hakan Çopur
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ВАШИНГТОН (AA) – Рускиот авион го провоцираше американскиот авион за извидувања над меѓународните води на Балтичкото море, соопштено е од Министерството на Соединетите Американски држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
"Рускиот авион СУ-27, на 29 април ги прекрши професионалните и безбедносните правила над меѓународните води на Балтичкото море и го провоцираше американскиот авион РЦ-135, кој вршеше рутински лет", наведено е во соопштението на Пентагон.
Нагласено е исто така дека рускиот авион, на американскиот авион му се приближил на 7,5 метри.
Гласноговорничката на Пентагон Лаура Сеал нагласи дека САД се загрижени поради ваквите настапи на руските воени авиони и додаде дека ниту еден американски авион не го нарушил воздушниот простор во Балтичко море.
Потсетуваме дека пред неколку седмици, исто така над Балтичко море, дојде до инцидент кога руски авон го провоцираше американскиот воен брод "USS Donald Cook."
"Можевме да го погодиме рускиот авион", рече тогаш министерот за надворешни работи на САД Џон Кери.