Tayfun Salcı
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Шоу тимот на Турските воздушни сили, СОЛОТУРК, доби награда и повторно беше во центарот на вниманието на светски познато воздухопловно шоу во Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
СОЛОТУРК, еден од најреномираните шоу тимови за лет, привлече внимание на илјадници посетители и љубители на воздухопловството на "Royal International Air Tattoo 2017" (RIAT17) што овој викенд се одржа во Фаирфод, во Англија.
Екипата на Anadolu Agency (AA) ги посети и им се придружи на членовите на СОЛОТУРК, при што доби посебен пристап до некои од најдобрите авијатирачи во Турција.
Пилотите на СОЛОТУРК кои го привлкеоа вниманието на овој настан на кој беа претставени повеќе од 100 земји, Еркан Ѓунар и Сердар Доган, по претставата ги потпишаа постерите на Ф-16 за посетителите на нивниот штанд.
Во тимот на СОЛОТУРК кој во четвртокот полета од турскиот град Коња со 2 Ф-16 авиони и еден авион танкер, и за четири часа стигна во Воздушната база во Феирфорд, се состои од пилоти и 11 технички персонал.
СолоТурк во 2011 година на одбележувањето на 100. годишнината од основањето на Турските воздушни сили, на "RIAT17" го освои првото место во категоријата најдобро воздушно претставување, и ја освои наградата „Спомен меч на Кралот Хусејин“.