Cankut Taşdan
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Во антитерористичките акции што беа спроведени минатата недела во Турција, неутрализирани се 50 терористи, од кои 30 загинаа, 14 се предале, а шестмина беа заробени, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили од 10 до 17 јули извршиле 1.128 акции.
Приведени се 168 лица за помагање на терористите, 298 од нив се осомничени дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, 895 луѓе во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО и пет лица во борбата против левичарските терористички организации.
Во активностите во рамките на борбата против тероризмот, трговијата со дрога, кибер-криминалот и шверцот, приведени се вкупно 4.363 лица, од кои 1.366 под обвинение за тероризам.
Припадниците на силите за безбедност во акциите спроведени во Дијарбакир, Мардин, Муш и во Токат уништија 12 засолништа и пештери, како и 27 импровизирани експлозивни направи и мини.
Запленети се 1,5 тони материјали што се користат за изработка на експлозив, 17 рачни бомби, 53 парчиња оружје и поголема количина муниција.
Во 74 турски града се извршени 1.608 акции против трговија со дрога, што е еден од изворите за финансирање на терористичките организации.
Притоа, запленети се 2.313 килограми марихуана, 203 килограми хероин, 3,28 килограми метамфетамин и поголеми количини од други опојни средства, а беа уапсени и 2.601 лице.
Покрај тоа, во 31 град се спроведуваат акции против дилерите и се фатени 173 осомничени лица.
Кога станува збор за борбата против нелегалните премини на границата со Турција, заробени се 3.352 лица, од кои 692 на море.
Уапсени се 54 лица под сомнение за организирање на нелегален премин на границите.