Zafer Çakmak
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили денес уништија четири статични позиции на терористичката организација ДАЕШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските авиони за десет минути, во периодот од 09:34 до 09:44 часот утринава гаѓаа и уништија четири фиксни позиции на терористите на ДАЕШ во сириските места Тал Али, Тел ел Хава и Вукуф.
Според соопштението на Генералштабот на Турските вооружени сили (ТСК), по успешно завршената задача, авионите се вратиле во базата.