Zehra Nur Düz
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Во водите на Балтичкото Море денеска започнува 47. голема поморска вежба во која учествуваат Соединетите Американски Држави (САД) и европските земји членки на НАТО, јавува Anadolu Agency (АА).
„Балтичката вежба (Baltic Operations Exercise - BALTOPS) ќе започне во германскиот пристаништен град Кил. На вежбата ќе учествуваат 8.600 американски и европски трупи од 18 земји“, соопштено е на официјалната веб-страница на НАТО.
Во вежбата учествуваат војници од НАТО-членките Белгија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Турција, Шпанија, Велика Британија и САД. Во вежбите учествуваат и единици на земјите членки на ЕУ кои не се членки на НАТО, Шведска и Финска.
Во БАЛТОПС ќе учествуваат поморски, воздушни и копнени единици со околу 50 подморници и 40 авиони, а вежбата ќе трае до 21 јуни.
Вежбата вклучува пронаоѓање и уништување на поморски мини и подморници, противавионска одбрана и пренос на војници на брегот.
Во вежбите на НАТО до 2014 година учествуваше и Русија, но поради анексијата на Крим и нарушувањето на стабилноста на Украина, оттогаш не е поканета.