Mohamed Sabry Emam Muhammed
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Неколку стотини еврејски доселеници денеска насилно упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во Источен Ерусалим, соопшти Управата за вакафи на Ерусалим, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Израелската полиција ја затвори портата „Ал Мугарба“ од комплексот, откако им дозволи на 334 доселеници да минат низ неа“, истакна преку соопштение Управата задолжена за надгледување на муслиманските и христијанските свети места во градот.
Минатата недела, група доселеници кои влегоа во комплексот, во текот на последниот ден од месецот Рамазан поттикнаа судири меѓу израелската полиција и палестинските верници.
За муслиманите „Ал-Акса“ претставува третото најсвето место во светот. Евреите, од своја страна, го нарекуваат местото „Планината на храмот“, тврдејќи дека тоа е местото на два еврејски храма во минатото.
Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа „Ал-Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година.
Во потег кој никогаш не беше признат од меѓународната заедница, Израел го анектираше целиот град во 1980 година, нарекувајќи го „вечен и неделив“ главен град на самопрогласената еврејска држава.