Ekipa
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Воените авиони на силите со седиште во источна Либија денеска започнаа воздушен напад во градот Завија, западно од Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Воени локални извори истакнаа дека цел на нападот била ковачка работилница во источниот дел на градот.
Нема известувања за евентуални загинати во нападите.
Командантот на силите, Калифа Хафтар, чие седиште е во источна Либија, во април започна воена кампања за преземање на Триполи од Владата на национално единство признаена од Обединетите нации (ОН).
По неколкунеделни борби на периферијата на Триполи, кампањата на Хафтар досега не успеа да ја постигне својата примарна цел. Но силите на Хафтар сѐ уште се распоредени во неколку области околу главниот град.
Во Либија владеат нереди уште од 2011 година, кога долгогодишниот лидер Муамер Гадафи беше соборен и убиен во крвавиот бунт, по четиридецениско владеење.
Оттогаш, во земјата богата со нафта се појавија две ривалски страни: едната во источна Либија, со која е поврзан Хафтар, и Владата на национално единство со седиште во Триполи, која е признаена од страна на ОН.