Ekipa
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарската полиција соопшти дека открила тело на уште еден јужнокорејски турист по судирот на бродови на Дунав на 29 мај, кога туристички брод потона по судирот со крузер. Полицијата информираше дека ова е 20-то тело откриено по несреќата, пренесува Anadolu Agency (АА).
Унгарската полиција продолжува со потрагата на исчезнатите 7 јужнокорејски туристи и капетанот на потонатиот туристички брод.
Телото на Јужнокореецот е пронајдено во градот Сазхаломбата, на околу 29 километри низводно од местото на несреќата. Судирот меѓу туристичкиот брод и крузерот се случи во Будимпешта, недалеку од зградата на унгарскиот Парламент.
По несреќата спасени се само седуммина патници. Голем кран во близина на мостот „Маргит“ се подготвува од дното на реката да го извлече потонатиот брод.