Eshat Fırat
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Амбасадори и конзули на 22 земји-членки на Европската Унија (ЕУ) од Ерусалим и Рамала заминаа за Газа за да ги видат животните услови во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот за медиуми на канцеларијата на ЕУ во Ерусалим, Шади Осман, за дописникот на Anadolu Agency изјави: „Ова утро, делегација составена од амбасадори и конзули од 22 земји-членки на Европската Унија се упатија во Газа поминувајќи го граничниот премин Бејт Ханун“.
Претставникот за медиуми на канцеларијата на ЕУ соопшти дека делегацијата треба да се сретне со министрите од палестинската Влада на помирување во Газа. Не беа дадени информации дали делегацијата ќе се сретне со одговорните од Хамас.
Од друга страна, делегацијата е предводена од претставникот на ЕУ за Палестина, Ралф Тараф, кој се очекува да одржи прес-конференција на крајот од посетата.
По долгогодишните недоразбирања, на 23 април 2014 година меѓу Хамас и Фатах беше постигнат национален консензус, и во тие рамки, на 2 јуни беше воспоставена „Владата на помирување“ под претседателство на Рами ел-Хамдалах.