Sayed Khodaberdi Sadat
23 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Најмалку 18 Талибанци се убиени во операцијата што беше спроведена во областа на Кундуз во северен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на Кундуз, Мухамед Касим, за АА изјави дека безбедносните сили спровеле акција во областа Кундуз-Tахара при што беа убиени 18 талибанци.
Во акцијата се повредени шест Талибанци. Целата област е ослободена од талибанците, бидејќи акцијата спроведена во петокот беше продолжување на активностите што веќе четири дена се спроведува во различни области во Авганистан. Талибанците тврдат дека во акциите се убиени голем број припадници на безбедносните сили.