Murat Tan
22 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
АДЕН (АА) - Припадниците на терористичката организација Ал Каеда пресретнаа конвој на јеменските сили во покраината Абјан и одзедоа три воени возила полни со муниција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат локалните извори, терористите на Ал-Каеда во Абјан го пресретнале конвојот на јеменските сили што доставувал муниција до единиците во градот Таиз и притоа се одземени три воени возила полни со муниција.
Владините сили во август 2016 година објавија дека е воспоставена контрола над покраината Абјан и дека во овој регион се неутрализирани терористите на Ал Каеда. Но и покрај тоа, понекогаш доаѓа до терористички напади.