Ali Kemal Akan
12 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) во операција во регионот Ербил/Халифан во северен Ирак го неутрализира Ведат Аксач, кој е дел од таканаречениот тим за атентати на терористичката организација ПКК и двајца други терористи кои биле со него, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По информациите дека терористичката група, во која бил и терористот Ведат Аксач со кодно име „Шахан“, водач на тимот за атентати на ПКК, влегла во регионот Халифан, започната е потера во планинската област.
Во операцијата спроведена од страна на МИТ неутрализирани се Ведат Аксач и двајца терористи кои биле со него.
Се дознава дека Аксач требало преку илегални патишта да биде испратен во метрополите. Тој бил следен од МИТ и бил неутрализиран во операција.
Откако се откриени нелегалните активности на младинската организација ЈДГ-Х на ПКК, Аксач во 2015 година бега од Туркије и продолжува да врши вооружени активности во планинскиот одред на ПКК.
Се нагласува дека Аксач е специјално обучен за атентати и поставување експлозив од страна на организација во текот на овој процес.