Safiye Karabacak
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ТАИЗ (АА) - Заменик-командантот на Генералштабот, генералот Ахмед Сејф aл-Јафил загина во судирите против бунтовничкото движење Хуси во близина на градот Tаиз, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор објави дека генералот Ал-Јафил загина за време на оружен судир во стратешко важно место Mуха на брегот на Црвеното Море.
Силите лојални на Владата на Јемен, со поддршка на воздухопловните сили на коалицијата предводена од Саудиска Арабија спроведуваат операција за ослободување на периферијата на Taиз, контролирана од страна на бунтовничките сили на шиитското движење Хуси.
Владата на Јемен не ја потврди веста за смртта на генералот Ал-Јафил.
Јемен е зафатен од длабока политичка и безбедносна криза, која во летото 2014 година ескалираше во граѓанска војна во која продолжуваат судирите меѓу провладините сили и бунтовничките шиитски сили и нивните сојузници од групата лојална на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех.