Diyar Güldoğan
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
МОСКВА (АА) - Руските аналитичари за АА изјавија дека новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Авганистан е во корист на Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во понеделникот објави дека САД нема да се обврзат на никаков распоред за завршување на своето воено присуство во Авганистан, каде што се присутни речиси две децении.
САД имаат околу 8.400 трупи во земјата, а коментарите на Трамп јасно ставија до знаење дека нема да постојат показатели за идни модификации на американските сили.
Александар Храмчихин, директор на Институтот за политичка и воена анализа во Москва, за АА изјави дека колку подолгo САД останат во Авганистан, толку тоа е подобро за Русија.
„Бидејќи ако тие се повлечат, групите што ги задржуваат ќе стане поинтензивна. Мислам на Ал Каеда, ДЕАШ, талибанците, така што ние, Русија, ќе треба да се справиме со нив. Сега, САД нѐ исклучуваат нас од таа должност“, изјави Храмчихин.
Јури Бармин, експерт на МЕНА во Рускиот совет за меѓународни односи, изјави дека САД ќе придонесат за стабилноста на Авганистан, каде што Москва нема воено присуство.
„Армијата на САД им го одвлекува вниманието на милитантите, кои особено се трудат да навлезат во Централна Азија. Затоа, релативната стабилност во регионот е во корист на Русија“, изјави Бармин.
Сепак, Бармин додаде дека доколку САД останат во подрачјето на долг период, тогаш ќе постои ризик од нови судири.
„За Русија, талибанците не преставуваат најголема закана во Авганистан. Напредувањето на ДЕАШ во регионот е најголем проблем за Москва, и сѐ уште не е јасно дали САД ќе го спречат овој проблем“, додаде тој.
Шарбатулло Содиков, истражувач на Московскиот државен институт за меѓународни односи, изјави: „Разбирам зошто Трамп ја донесе оваа одлука. Од Авганистан, САД можат да контролираат многу голема територија“.
Содиков изјави дека Вашингтон не сака да изгуби едно такво „удобно“ место како Авганистан.
„Ако се присетите, САД беа вклучени во создавањето на некои групи што сега се прогласени за терористички“, додаде тој.
САД влегоа во Авганистан по терористичките напади на 11. септември 2001 година, соборувајќи ги талибанците откако му дадоа засолниште на сега починатиот основач на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Сепак, во последниве години, силата на талибанците и на другите вооружени групи расте, додека централната Влада поддржана од САД во Кабул се бори да го потврди својот авторитет низ целата земја што номинално ја контролира.
Трамп изјави дека САД ќе продолжат да соработуваат со Кабул сѐ додека гледаат посветеност и напредок, но предупреди дека американската поддршка не претставува бланко чек.