Diyar Güldoğan
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
АНКАРА (АА) - Напорите на Иран да го зајакне своето присуство во Сирија претставува глобална закана, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Anadolu Agency (AA).
„Иран прави големи напори за да го зајакне своето присуство во Сирија. Тоа претставува закана за Израел, Блискиот Исток и верувам за целиот свет“, изјави Нетанјаху за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, се вели во соопштение од Кремљ.
Нетанјаху изјави дека Техеран веќе е во напредна фаза за контролирање и влијаење врз Ирак, Јемен и Либан, се вели во соопштението издадено од Москва.
„Г. претседател, ние заеднички работиме во борбата против ДЕАШ, и ова е многу важна работа. Но негативно е тоа што таму каде што ќе го поразиме ДЕАШ и ќе исчезне, се појавува Иран“, вели тој.
Израелскиот премиер изјави дека Иран продолжува да се заканува и дека ќе го уништи Израел.
Путин изјави дека му претставува задоволство да види дека Русија и Израел развиле ефективни механизми за соработка.
„Ние одржуваме регуларни и итни состаноци кога околностите бараат наше директно вклучување, и дискутирме за билатералните односи и за ситуацијата во регионот“, додаде тој.
Израелските официјални лица постојано велат дека не сакаат да видат како Сирија станува идна база за Иран.
По избувнувањето на сирискиот конфликт на почетокот од 2011 година, Израел повремено погодува цели на сириска територија.