Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
АНКАРА (АА) - Според веста објавена во весникот „New York Times“ (Њујорк тајмс), компанијата „YouTube“ (Јутјуб) ја пуштила во функција својата нова технологија која автоматски ги елиминира видеата чии содржини ги прекршуваат правилата за објавување на видеа со насилство, по што во последниве недели, на некои канали на компанијата се избришани безброј индивидуални видеоматеријали, јавува Anadolu Agency (AA).
Во веста се наведува дека некои видеа, по упатените предупредупредувања до „YouTube“, повторно биле поставени на сајтот.
Кејт Хајат, член на управниот одбор на групата за технолошко советување при Меѓународниот кривичен суд и заменик-претседател на „Benetech“ (Бенетек), кој собира документи за прекршување на човековите права, истакна дека на документирање на случувањата во Сирија работат најмалку 200 невладини организации, а дел од вработените во овие организации ги ризикуваат своите животи документирајќи ги настаните или ги загубија животите извршувајќи ја својата должност.
Хајат изјави дека со отстранувањето на овие видеа од „YouTube“, на кои се прикажани насилствата во Сирија, ќе се загуби најбогатиот извор на информации по прашањето за прекршување на човековите права.