Mahmoud Barakat
07 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
САНА (АА) - Висок водач на Ал Каеда e убиен во вчерашните американски воздушни напади во централниот дел на Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Јасир Али ал-Салми, познат како Аби ал-Мухаџир ал Иби е убиен заедно со двајца други милитанти на Ал Каеда во авганистанската провинција Ал Бајда“, соопшти за АА извор близок до неговото семејство, под услов да остане анонимен.
Наводите сѐ уште не се потврдени од страна на американските и јеменските претставници.
САД, кои ја сметаат Ал Каеда за постојана закана за регионот и за своите интереси, со употреба на дронови ги гонат лидерите на Ал Каеда во Јемен, земја што се наоѓа во вителот на граѓанската војна од 2014 година.
Минатата недела Пентагон истакна дека американските воени авиони извеле над 30 воздушни напади во Јемен, во период од два дена.
Ал-Салми беше меѓу шесте Јеменци ослободени од страна на САД од затворот Гвантанамо во 2010 година.
Според американските власти, неговиот постар брат Салах ал Салми извршил самоубиство во затворот во Гвантанамо во 2006 година.