Ekipa
07 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Снежна лавина што утринава го погоди алпскиот скијачки центар Tинес во Франција, зад себе остави поголем број луѓе затрупани под снегот, јавува Anadolu Agency (AA).
Француските власти соопштија дека е започната потрагата по затрупаните и дека многу спасувачки екипи се веќе на теренот.
Официјалните лица соопштија дека лавината го погодила ски-центарот денес наутро, но не информираа за бројот на жртвите.
Француските медиуми, пак, објавија дека повеќе скијачи останаа затрупани во снегот.
Во лавината што минатиот месец погоди уште еден ски-центар во Tин загинаа четворица скијачи.