Barış Seçkin
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
РИМ (АА) - Екипите за спасување ги пронајдоа телата на 14 лица што загинаа кога хотел во централниот дел на Италија минатата среда беше затрупан од снежна лавина, Anadolu Agency (AA).
Веќе шести ден е во тек пребарувањето за пронаоѓање на луѓето што останаа закопани на местото каде што се урна лавина на хотелот „Ригопиано“, а од синоќа до денес се извлечени телата на седум лица.
Претходно исто така беа извлечени седум тела. Во петокот, саботата и во неделата, од урнатините на хотелот беа извадени 11 луѓе кои ја преживеаја оваа несреќа.
Лавината се урна неколку часа по серијата силни земјотреси во регионот, кој минатата година се најде под ударот на катастрофални земјотреси.
Се проценува дека товарот што на 18 јануари се урна врз хотелот „Ригопиано“, во националниот парк Гран Сасо, тежи колку 4.000 натоварени шлепери