Kasım İleri
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис на првиот ден од својата функција оствари телефонски разговори со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за одбрана на Британија, Мајкл Фелон, и со министерот за одбрана на Канада, Харџит Саџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од Министерството за одбрана на САД (Пентагон) се вели дека НАТО е многу важен сојуз за САД и оти Вашингтон ќе го штити сојузништвото.
Во врска со телефонскиот разговор, во соопштението се вели: „Двајцата лидери ги истакнаа заедничките вредности и министерот нагласи оти штитењето на овие вредности започнува со Европа“.
Во однос на разговорот меѓу Матис и Фелон, во соопштението се пренесува дека армиската соработка Вашингтон – Лондон е важна, а исто така дека Матис му се заблагодарил на својот колега поради тоа што Британија одвојува 2 проценти од бруто домашниот производ за трошоците за одбрана, што е во склад со ветеното од страна на членките на НАТО.
Во соопштението исто така се забележува дека во разговорот Матис – Саџан била нагласена длабоката соработка меѓу САД и Канада во однос на НОРАД и НАТО.