Recep Şakar
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
МЕЛБУРН (АА) - Бездомниците кои градските власти и полицијата ги оддалечија пред тенискиот турнир Австралија опен, повторно се вратија на улиците на Мелбурн, јавува Anadolu Agency (AA).
На 16 јануари, неколку дена пред почетокот на Австралија опен, градските служби и полицијата почнаа да ги преместуваат бездомниците што живеат на улиците во Мелбурн. Но, по краток период, бездомниците повторно се вратија во областите каде што претходно живееле.
Спиењето на улица во Мелбурн не е противзаконско, но е забрането да се кампува на јавни места.
Бездомниците тврдат дека не кампуваат на улиците и дека мораат да спијат надвор, бидејќи немаат друго место за престој, а полицијата нема решение во врска со ова прашање.
Претходно, градот Мелбурн објави дека градскиот совет за многу краток временски период ќе понуди новиот закон со кој ќе биде забрането да се живее на улица.
Градоначалникот Роберт Дојл, во интервју за весникот „Хералд сан“ изјави дека живеењето на бездомниците на градските улици излегло од контрола.
Дојл најави дека на овие луѓе ќе им се даде помош во форма на сместување и психијатриска помош, како и поддршка во борбата против зависност.
Официјалните податоци покажуваат дека во Австралија има 105.237 бездомници.