Ekip
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
ЛИЛ (АА) - Француските власти во 2016 година наредија да бидат блокирани и да се отвори истрага за стотици сајтови, што е значително повеќе во однос на претходната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Францускиот министер за надворешни работи, Бруно ле Ру имаше свое обраќање на конференцијата за сајбер безбедност во Лил, каде што рече дека неговата влада во 2016 година побарала да бидат блокирани 834 веб-страници и да се поведе истрага за 1.929 други во рамките на борбата против детската порнографија и терористички содржини.
Без да дава премногу детали, Ле Ру рече дека бројките што ги претставил значат голем пораст во однос на информациите за онлајн-безбедност од 2015 година.
Според законот од 2011 година, француските власти можат да блокираат веб-страници без судски налози.