култура и уметност

Бојкот на Фестивалот на писатели во Австралија поради цензура и забрана за критика на Израел

- Од говорниците се бара да се придржуваат до ограничувањата дадени со кодексот на однесување на Фестивалот на писатели во Бендиго

Saadet Gökce  | 14.08.2025 - Обновена : 14.08.2025
Бојкот на Фестивалот на писатели во Австралија поради цензура и забрана за критика на Израел

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од десетина автори и целиот кураторски тим се повлекоа од австралискиот фестивал на писатели поради цензурата на дискусиите за Палестина, известува Анадолу.

Палестинската писателка Ранда Абдел-Фатах, поетесата и уредничка на „Оверленд“ Евелин Аралуен, романописецот Клер Г. Колман, новинарите Џес Хил и Пол Дејли, писателките Кејт Милденхол и Џанин Лин и професорката Клер Рајт се меѓу оние кои се повлекоа од Фестивалот на писатели во Бендиго откако беа замолени да потпишат кодекс на однесување што би ги ограничил критиките кон Израел, објави „Дипкат њуз“.

Фестивалот се одржува од денес до недела во Бендиго, град во австралиската југоисточна држава Викторија.

Кодексот на однесување на фестивалот, кој беше испратен до учесниците во среда, ги замолува да „избегнуваат јазик или теми што би можеле да се сметаат за провокативни, раздорни или непочитувачки“, како и да избегнуваат јавни коментари или објави на социјалните мрежи „што би можеле да му наштетат на угледот на фестивалот или да предизвикаат јавна загриженост“.

Во кодексто испратен до учесниците на фестивалот се вели дека говорниците ќе се придржуваат „до принципите застапени во Планот за борба против расизмот на Ла Троб (Универзитетот), вклучувајќи ги и дефинициите за антисемитизам и исламофобија во Планот“, кој ја изедначува критиката кон Израел со антисемитизам „кога повикува на елиминација на Државата Израел“ и вели „за повеќето, но не за сите еврејски Австралијанци, ционизмот е основен дел од нивниот еврејски идентитет“.

Универзитетот Ла Троб е партнер во презентацијата, додека Рајт, професор на универзитетот кој требаше да биде кокуратор на настанот, се повлече поради цензурата.

Работната дефиниција беше усвоена од 39 универзитетски проректори во февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.