Египет претстави ретки артефакти пронајдени во Медитеранот на изложба во Александрија
Во Националниот музеј на Александрија, министерот за туризам Шериф Фати и гувернерот на Александрија, Ахмед Халед, ја отворија археолошката изложба „Тајните на потонатиот град“

КАИРО/ИСТАНБУЛ (АА) - Египетското Министерство за туризам и антиквитети синоќа претстави артефакти откриени во длабочините на Средоземното Море, меѓу кои ретки статуи, грнчарски предмети и накит што ги одразуваат цивилизациите што цветале на тие простори пред илјадници години, јавува Анадолу.
Во Националниот музеј на Александрија, министерот за туризам Шериф Фати и гувернерот на Александрија, Ахмед Халед, ја отворија археолошката изложба „Тајните на потонатиот град“ во присуство на претставници на египетски и меѓународни медиуми, меѓу кои и Анадолу.
На прес-конференцијата на маргините на изложбата, Мухамед Исмаил Халед, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, рече дека ова е првпат привремена изложба да биде посветена на подводни антиквитети, а ќе биде поставена шест месеци.
Гувернерот Халед истакна дека изложбата содржи 86 ретки артефакти од неколку локалитети низ губернијата.
Изложбата претставува колекција на артефакти пронајдени во заливот Абу Кир во Северен Египет во 2000 година од страна на Европскиот институт за подводна археологија, заедно со парчиња пронајдени од потопените „Кралски четврти“ под водите на античкото источно пристаниште на Александрија.
Изложбата претставува куриран избор на предмети пронајдени во длабочините на Средоземното Море, како ретки статуи, грнчарски предмети и накит, кои ги одразуваат цивилизациите што цветале пред илјадници години во сега потонатите медитерански градови.
Според локалните медиуми, Египет денес ќе претстави голем број дополнителни потопени артефакти од Средоземното Море во пристаништето Абу Кир на северот од земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.