Турција, култура и уметност

Турција: 3Д скулптурите на локалитетот Карахантепе ја расветлуваат историјата

„Еден од најдобрите примери на 3Д артефактите пронајдени во Карахантепе е човечка скулптура која носи леопард на грбот“

Eşber Ayaydın  | 28.09.2021 - Обновена : 01.10.2021
Турција: 3Д скулптурите на локалитетот Карахантепе ја расветлуваат историјата Фото: Eşber Ayaydın/AA

ШАНЛИУРФА (АА) - Историските артефакти откриени на археолошкиот локалитет во Карахантепе во турската област Шанлиурфа, кој се смета за еден од најважните локалитети од неолитскиот период, ги откриваат уметничките таленти на луѓето што живееле таму пред 11.000 години, јавува Агенција Анадолија (АА).

Археолошкиот локалитет доби повторно светско внимание откако беше промовиран на официјална церемонија на која присуствуваше турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.

Раководителот на тимот за ископување во Карахантепе, проф. д-р Неџми Карул, за АА кажа дека копањето за првпат започнало во 2019 година и дека оттогаш се забележани две исклучително продуктивни сезони.

Карул понатаму истакна дека градба со дијаметар од 23 метри била откриена за време на ископувањата, голем дел од неа била издлабена долж темелите, достогнувајќи длабочина од 5,5 метри од површината, што значи дека била градена од страна на многу инженери.

Тој рече дека артефактите пронајдени на Карахантепе се слични на оние откриени на локацијата Ѓобеклитепе, но имало и одредени разлики.

Карул посочи дека на археолошкиот локалитет Карахантепе биле пронајдени многу 3Д скулптури и цртежи на луѓе и истакна дека во Археолошкиот музеј во Шанлиурфа се одржала изложба за човекот во неолитот, на која биле претставени различни човечки фигури, вклучително и описи на човечки глави.

До денес, има пронајдено многу човечки фигури на локалитетот Карахантепе во однос на Ѓобеклитепе, но тоа не значи дека во Ѓобеклитепе нема да бидат откриени такви фигури.

„Еден од најдобрите примери на 3Д артефактите пронајдени во Карахантепе е човечка скулптура која носи леопард на грбот“, рече проф. Карул, додавајќи дека издлабувањето животни во напаѓачка позиција се пронајдени и во Ѓобеклитепе.

Според раководителот на ископувањата, тешко е целосно да се разбере што значи тоа издлабување, но можно е да биде причината дека односите меѓу луѓето и животните пред околу 11.000 години биле различни од денешните, сфаќајќи дека оваа врска била многу помирна.

Од друга страна, тој тврди дека наодите се јасен доказ дека уметничките способности на човештвото во неолитскиот период биле развиени до одреден степен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.