Турција

Истрага против ФЕТО: Налог за приведување 26 осомничени лица од турскиот одбранбен индустриски сектор

Налозите за приведување ги издаде државното обвинителство во Анкара, кое води истрага за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во турскиот одбранбен индустриски сектор

Mehmet Tosun  | 28.09.2021 - Обновена : 29.09.2021
Истрага против ФЕТО: Налог за приведување 26 осомничени лица од турскиот одбранбен индустриски сектор

АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО во Турција е издаден налог за лишување од слобода на 26 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Налозите за приведување ги издаде државното обвинителство во Анкара, кое води истрага за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во турскиот одбранбен индустриски сектор.

Постапувајќи по налог, турската полиција започна истовремени операции за приведување во осум турски области. Досега се приведени 11 осомничени.

Во истрагата е вклучена и Националната разузнавачка служба (МИТ), а меѓу осомничените има лица кои престојувале во тајните скривалишта на терористите на ФЕТО и кои го користеле кодираниот систем за тајна комуникација „БајЛок“.

Тоа се главно инженери кои работеле во институции и компании на турската одбранбена индустрија како што се ТУСАШ, АСЕЛСАН, ХАВЕЛСАН, РОКЕТСАН, ТУБИТАК.

Истрагата утврди дека осомничените на нивните работни места немале пристап до информации и проекти што спаѓаат во категоријата државни тајни.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, во правосудството на Турција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите на ФЕТО инфилтрирани во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа 2.734 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın