Mehmet Tosun
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) изврши успешна операција во северозападниот дел на Сирија и неутрализираше терорист од црвената потерница на Интерпол, Енгин Карааслан, кој беше член на т.н. Централен комитет на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неименувани безбедносни извори велат дека операцијата била извршена со дрон во сирискиот пограничен регион Камишли.
Терористот Карааслан го користел кодното име „Хајдар Варто“ и бил неутрализиран во автомобил во Ели Феро.
Тој беше познат како еден од најбараните терористи со црвена потерница на Министерството за внатрешни работи на Турција, а во редовите на терористичката организација ПКК се приклучил во 1980-тите. Се школувал во Дамаск и бил претставник на таканареченото претставништво на ПКК за Ерменија.
Тој во 2019 година бил активен во Сирија, а учествувал во многу терористички планови кои раководството на ПКК ги правело во камповите на планините Кандил и Аманос.
Карааслан се смета за највисоко рангиран терорист на ПКК што досега е неутрализиран на подрачјето на Сирија.