Ekipa
01 Мај 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
КАИРО (АА) - Египетските власти ги објавија имињата на 1.528 лица кои се наоѓаат на листата терористи, а меѓу нив е и поранешниот фудбалски репрезентативец на Египет, Мухамед Абутрика, јавува Anadolu Agency (AA).
Кривичниот суд во Каиро ја прошири листата на терористи за 1.528 нови имиња, а стапи на сила по објавувањето во Службен весник на Египет.
Споменатите лица ќе останат на листата најмалку пет години, а како терористи се обележани поради наводен насилен обид за соборување на власта и напад врз египетските безбедносни сили.
Неодамна усвоениот закон предвидува на сите лица и групи на листата на терористите да им биде одземен имотот, а лицата кои сега се на листата имаат право да покренат жалбен процес пред Судот за итни постапки.
Лицата кои се наоѓаат на листата не можат да го напуштат Египет, ниту да се вратат во него доколку се во странство.
Меѓу новопрогласените терористи е и поранешниот египетски фудбалски ас Абутрика, кој и минатата година се најде на таа листа, а Жалбениот совет одлучи дека нема доволно докази дека тој бил поврзан со Муслиманските браќа.
Своевремено еден од најдобрите африкански фудбалери, познат и како „El Magico“, Абутрика пред три години остана без имот.Египетските власти му го одземаа имот под обвинение дека финансирал одредени терористички активности.