Recep Şakar
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) - Федералниот сенат на Австралија изгласа цензура за независниот сенатор Фрејзер Анинг поради неговите коментари за терористичките напади на џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешното заседавање на Парламентот е разговарано за коментарите на независниот сенатор Анинг дадени по терористичките напади во кои загинаа најмалку 50 луѓе, што предизвикаа реакции од целиот свет.
Матијас Корман, сенатор од Либералната партија, рече дека е многу важно Парламентот да биде обединет и да ги осуди ваквите ужасни коментари.
„Коментарите на сенаторот Анинг беа грозни и раздорни. Неговите изјави се опасни и неприфатливи, особено за некој кој е член на ова место“, рече Корман.
Пени Вонг од Работничката партија истакна дека постои разлика меѓу слободата на говор и говорот на омраза, и дека сенаторот одржал говор на омраза.
Таа додаде дека сенаторот ги обвинил жртвите уште кога луѓето се опоравуваа од шокот.
„Повредените сè уште беа на лечење, а овој сенатор се обидуваше да го распламти огнот на поделбата. Навистина срамен и грозоморен чин“, рече Вонг.
Анинг за време на обраќањето во Сенатот рече дека за цел не ги имал жртвите, и одби да се извини. Додаде дека смета оти се бесмислени обвинувањата дека цел биле настраданите.