Selçuk Acar
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во невремето што го зафатија југоисточниот дел на САД, односно во сојузните држави Џорџија, Флорида и Мисисипи досега загинаа 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата за управување со вонредни ситуации на Мисисипи беше соопштено дека поради торнадо, само во Форест Каунти целосно се уништени или е предизвикана голема штета на 411 куќи. Во истата област предизвикана е штета на 588 куќи.
Во останатите населени места на таа сојузна држава од торнадото беа уништени повеќе од 1.100 куќи.
Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе му помогне на гувернерот на Џорџија, Нејтан Дил, кој прогласи вонредна состојба во 16 области.
Спасувачките акции се во тек, а започната е хуманитарна акција за луѓето погодени од природната катастрофа.
Метеоролозите претходно предупредија на поплави и лизгање на земјиштето во северниот дел на Пенсилванија и Во Њу Ингланд, кои може да бидат предизвикани од обилните врнежи од дожд.
Поради неповолните временски услови откажани се околу 800 летови, главно на аеродромот „Њуарк Либерти“.