Bahtiyar Abdukerimov
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ДУШАНБЕ (АА) - Најмалку седум лица загинаа во снежни лавини што во текот на викендот се урнаа на автопатиштата во северниот дел на Таџикистан, а од најзагрозените региони се евакуирани најмалку 800 жители, јавува Anadolu Agency(AA).
Цивилната заштита на Таџикистан соопшти дека обилните снежни врнежи во северниот дел на земјата предизвикаа големи проблеми и го блокираа пристапот кон голем број села.
Во соопштението се наведува дека најмалку пет лица загинале кога снежна лавина паднала на автопатот Душенбе-Хованд, а уште две лица загинале кога лавина се урнала на автопатот Хорог-Мургаб.
Во изминатите два дена, во северниот дел на Таџикистан се урнаа најмалку 40 снежни лавини, а спасувачките и другите надлежни служби се на теренот и работат на расчистувањето на патиштата.
Од најзагрозените места досега се евакуирани најмалку 800 жители, а лавините на автопатот уништија најмалку 200 возила.
Сообраќајот на автопатиштата во северниот дел на Таџикистан е блокиран, а зимските служби работат на расчистувањето на снегот.