Ekipa
05 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ПЕШАВАР (АА) - Најмалку 13 лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати кога снежна лавина затрупа пет куќи во северниот дел на Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила доцна синоќа во градот Читрал, изјави Низамуд Шах, командант на извидничките сили. Тој истакна дека спасувачите извлекле 13 тела, а продолжува акцијата за спасување на преживеаните.
Шах денес потврди дека неколку лица се водат за исчезнати и дека поголемиот дел од подрачјето на Читрал е прекриено со снег.
Лавините се честа појава во северниот дел на Пакистан, подрачје прекриено со големи глечери.