Ekip
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
БРАТИСЛАВА (АА) - Исламската фондацијата во Словачка го осуди усвојувањето на постапките на новиот закон кој предвидува дека исламот во оваа земја не може да има статус на официјална религија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што Исламската фондација го испрати до новинската агенција АП, се вели дека овој закон за кој е потребно да биде одобрен од претседателот, претставува силен удар за верските слободи во Словачка.
Словачкиот Парламент го усвои нацрт-законот кој предвидува дека религијата во оваа земја може да добие официјален статус само доколку има 50.000 регистрирани верници.
Законот беше предложен од страна на Словачката национална партија, ултранационалистичката владејачка коалиција, која отворено се залага за антимуслимански политики.
Во Словачка има околу 5.000 муслимани кои тврдат дека и претходниот број од потребните 20.000 регистрирани верници бил рестриктивен.
Овој потег на Словаците е само нов во серијата растечки антиисламски чувства кое сѐ повеќе влијаат на земјите од Европската Унија. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, претходно изјави дека неговата земја не е соодветно место за живеење за муслиманите.