СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Фондацијата Центар на исламска цивилизација - ФОЦИЦ во Скопје, вечерва американскиот професор со балканско потекло Паул Мојзес, одржа предавање на тема „Улогата на религијата врз сегашните претседателски избори во САД“ , јавува Anadolu Agency (AA).
Професорот Мојсес своето предавање го започна со раскажувањето на кој начин дошло до сегашната ситуација, за трката за фотелјата во Овалната соба да ја водат Хилари Клинтон од страна на Демократите и Доналд Трамп од страна на Републиканците.
„Демократите ја имаа Хилари, која е долги години во политиката, а Републиканците имаа седум кандидати од кои на крај, како што видовме беше избран Трамп. Меѓу нив, имаше такви кандидати за кои се сметаше дека се појавуваат во такви улоги поради популарност, промоција и маркетинг, Трамп беше еден од нив. Електоратот одговори позитивно на тоа и тој стаса до тука", рече професорот Мојзес во воведниот дел од своето предавање.
- Професор Мојсез: „Доколку Трамп биде избран за претседател, САД ќе стане фашистичка диктатура"
Поради, како што рече, чудната реторика на Трамп, неговите зборови не можат да се прифатат како сериозни но сепак се загрижувачки.
„Доколку се случи Трамп да биде избран за претседател, САД ќе стане фашистичка диктатура", истакна професорот Мојзес, кој рече дека е вознемирен и загрижен поради реториката на Трамп и неговиот пристап кон суштинските проблеми во САД.
Според професорот Мојзес, верата во САД игра многу значајна улога. Во однос на ставовите на Демократите и Републиканците, тој објаснува дека доаѓа до промени во нивните ставови кон овие прашања.
„Републиканската партија порано се фалеше дека се религизни и дека имаат религиозни вредности. Демократите порано не ги објавуваа јавно нивните преференции кон религијата, додека, сега, тие не ги кријат своите чувства и во однос на ова прашње", рече професорот Мојзес додавајќи дека САД настојвуа да биде насочена кон различни вери како и дека така е насочена и надворешната политика на САД кон ова прашање.
„Американските амбасадори се обидуваат да не се мешаат во верските работи, тие повеќе се мешаат во политичките", додаде професорот Мојзес.
- „Трамп зборува неповрзано, а Клинтон се смета за 'помало зло' "
Говорејќи за јавните настапи на републиканскиот кандидат за претседател, професорот Мојзес рече дека Трамп зборува неповрзано и нелогично.
„Тој зборува сосема неповрзано, реченицата ја почнува на едно место, потоа продолжува да зборува неповрзано. Тој скока, од една до друга идеја и на крај нема заклучок од неговата реченица", додаде професорот Мојзес говорејќи за јавните настапи на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
Мојсес истакна дека реториката на Трамп во однос на различните култури,религии, боја на кожа и се што е поразлично од него е од загрижувачки размери, при што го наведе примерот, каде Трамп вели дека сите мигранти треба да бидат иселени од САД и дека муслиманите се закана за САД.
„Трамп рече дека муслиманите се закана за САД", потенцираше професорот, при што истакна дека токму ова јасно укажува на неговата нетолеранција кон се што е поразлично од него, наведувајќи дека исламофобијата во неговата реторика е лесно препознатлива.
Меѓу другото, во своето предавање Мојсес се осврна и на односот на Трамп во врска со прашањето како што е НАТО, нукеларното оружје, Северна Кореја, Кина. Притоа, професорот Мојс вели дека не се рационални неговите предлози за решавање на тие проблеми, наведуваќи дека Трамп смета дека земјите кои нема да ја платат сумата за партиципација во НАТО не треба да бидат одбранети од алијансата доколку ги немаат подмирено своите обврски кон истата.
Говорејќи за двата кандидати во трката за претседател на САД, Мојсес рече дека во јавноста постои перцепцијата дека „Клинтон е помалото зло".
„Јас верувам дека Клинтон е способна, мудра жена, работи напорно и таа предвидлива. Некои велат дека не е доволно искрена и чесна и Трамп често во своите настапи зборува во врска со нејзиниот брак", рече Мојсес.
Претседателските избори во САД ќе се одржат во вторник, на 8 ноември.
Паул Мојзес е професор по религиски студии и поранешен декан на Роузмот колеџот во Пенсилванија во САД. Тој е автор на книгата „Балкански геноциди: Холокауст и етничко чистење во ХХ век" (Balkan Genocides: Holocaust and Ethnics Celansing in the 20th Century).